Политика на приватност

Оваа политика на приватност се однесува на односите помеѓу PayNet Операторот и физичките лица – Корисници на сервисот за плаќање Е-паричник, кои извршуваат операции употребувајќи го сервисот. Политиката важи за сите податоци, кои може да ги добие Операторот за Корисникот, за време на користење на сервисот.

Термините кои се користат во оваа Политика се употребуваат со истото значење кое го имаат во Јавната понуда за користење на сервисот за плаќање Е-паричник.

Употребата на Сервисот означува прифаќање на сите услови на Понудата од страна на Корисникот без исклучоци или ограничувања во условите за прифаќање и согласност со оваа Политика со наведените услови за обработка на податоци; доколку не се согласува со овие услови Корисникот не треба да го користи сервисот.

 

1.      Податоци за Корисникот, кои ги добива и ги обработува Операторот:

1.1.              Според оваа Политика, за податоци на Корисникот се сметаат:

-        Идентификациски податоци(на пр. Име, адреса, телефонски број, е-маил адреса)

-        Лични податоци(на пр. Возраст,пол и било кој друг податок кој го внесувате во вашиот профил)

-        Електронски идентификациски податоци(на пр. IP- адреса)

-        Податоци за овозможените услуги

-        Вашиот профил на нашата веб страна

-        Вашето корисничко име(телефонски број) и лозинка

-        База на податоци(обработени податоци со цел плаќање на услуги)

 

2.     Цел на собирање и обработка на личните податоци на Корисниците:

2.1.             Операторот ги собира и ги зачувува само оние лични податоци кои се непходни за користење на сервисот и овозможување услуги соодветно со Понудата.

2.2.            Личните податоци на Корисникот Операторот може да ги употреби за следните цели:

2.2.1.       Идентификација на Корисникот;

2.2.2.      Зголемување на безбедноста на користење на Сервисот

2.2.3.      Контакт со Корисникот, вклучувајќи испраќања известувања, барања и информации кои се однесуваат на Сервисот, овозможувањето услуги, а исто така и обработка на барањата и изјавите од Корисниците;

2.2.4.      Подобрување на квалитетот на Сервисот, ефикасноста на негова употреба и разработување на нови услуги;

2.2.5.      Исполнување на наредбите на Корисниците за трансфер на парични средства и/или враќање на остатокот на парични средства.

3.     Услови на обработка на лични податоци од Корисникот и нивен пренос на трети лица:

3.1.             Операторот на Сервисот ги чува податоците на Корисниците во согласност со позитивните прописи на РМ и оваа Политика.

3.2.            Операторот на Сервисот обезбедува доверливост на податоците на Корисникот.

3.3.            Операторот на Сервисот има право да ги пренесе личните податоци на Корисникот на трети лица во следните случаеви:

3.3.1.       Корисникот лично се согласил да се изврши пренос;

3.3.2.      Преносот е потребен да се изврши наредбата на Корисникот;

3.3.3.      Личните податоци се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели.

3.3.4.      Преносот е неопходен заради заштита на правата и интересите на Операторот или заради заштита на основните слободи и права на трети лица.

3.4.            При обработка на лични податоци на Корисниците, Операторот се води според позитивните прописи на РМ.

4.     Превземени мерки за заштита на личните податоци на Корисниците:

4.1.             Операторот на Сервисот ги превзема сите потребни технички и организациони мерки за обработка и заштита на личните податоци на Корисникот од било каков неовластен или случаен пристап, уништување, модификација, блокирање, копирање како и од други нелегални активности од страна на трети лица.