Прашања и одговори

1. Што претставува PayNet Е-паричник?

- PayNet Е-паричник претставува виртуелна сметка на системот на преку која може да се плаќаат истите услуги кои се достапни на платежните терминали. Е-паричникот може да се користи преку веб страната и преку мобилната апликација

2. Дали е потребна регистрација за користење на Е-паричникот?

-За да го користите Е-паричникот во целост потребно е да се регистрирате. Така добивате свој профил (сметка) на Е-паричникот и можност да ги користите сите негови функции.

3. Како да се регистрирам во PayNet Е-паричник?

-Процесот на регистрација е многу лесен, кликнете на “Регистрација“ и внесете го вашиот мобилен телефон (понатаму тој се користи за најава во профилот наместо корисничко име), внесете ги симболите од сликата, прифатете ги условите на е-паричникот и притиснете “земи код“. На  истиот број ќе ви стигне код-лозинка. Следно ќе ви се појават две полиња “Стара лозинка“ каде што ќе треба да ја внесете лозинката од мобилниот телефон, и “нова лозинка“ тоа е ваша лозинка која сами ќе ја креирате. Понатаму ќе внесете таен збор (ќе ви треба во случај да ја заборавите лозинката) и со тоа го завршувате процесот на регистрација и добивате свој профил (сметка) на е-паричник.

4. Како да ја надополнам состојбата на Е-паричникот?

-Е-паричникот може да се надополни со помош на платежна картичка (потребно е да кликнете на опцијата “Надополни“ , да ги внесете податоците од картичката и саканиот износ) или преку терминал со готовина (се одбира услугата “Е-паричник“, се внесува телефонскиот број на кој што имате регистрирано Е-паричник и саканиот износ).

5. Што да правам доколку ја заборавам лозинката?

-Доколку ја заборавите лозинката потребно е да го внесете вашиот телефонски број и вашиот таен збор. Доколку го имате заборавено тајниот збор или имате сличен проблем испратете ни порака на или јавете ни се на 02 309 7777.

6. Како да добивам извештаи за спроведените плаќања од Е-паричникот?

-Извештаите за спроведените плаќања може да ги најдете во опцијата “Извештаи“, исто така може да се подеси испраќање на известувања по СМС и на е-маил.

7. Дали може да префрлам пари на друг Е-паричник?

-Да, тоа е возможно. Потребно е да се влезе во опцијата “Трансфер“, да се внесе телефонскиот број на кој личноста има регистрирано е-паричник и износот кој сакате да го префрлите на нејзина сметка.

8. Дали сметката на PayNet Е-паричник и сметката на мојот мобилен оператор е едно исто?

-Не.

9. Дали може да се префрлат парите од Е-паричникот на сметка во банка?

-Да, ама при трансферот на парични средства се наплаќа провизија.

10. Како да ја испечатам сметката платена преку мобилната апликација Е-паричник?

-Во “Историја на плаќања“ одберете го плаќањето за кое сакате да испечатите сметка, притиснете “Сметка“ и одберете “Испрати на е-маил“.

11. Што е образец?

-Во обрасците може да се зачуваат најчесто извршуваните плаќања со потребните податоци, за нареден пат да нема потреба да се внесуваат истите податоци.

12. Што претставува опцијата “Автоматско плаќање“?

-Опцијата “Автоматско плаќање овозможува да се подеси редовно плаќање на одредени услуги во определен период, потребно е само да имате доволно средства на Е-паричникот.

13. Дали Е-паричникот работи во роаминг?

-Да, Е-паричникот работи во роаминг.

14. Кој е мојот Steam Account Name?

-Steam account name e името со кое се логирате на Steam.

15. Колку години треба да имам за Steam услугата?

-18 години (години на полнолетство), односно деловно способно лице кое самостојно изјавува правно релевантна волја.

16. Моментално имам валута на Steam која не сакам да ја користам веќе?

-Валутата не ја дефинираме ние, туку Steam автоматски одредува според локацијата и поставките на Вашиот компјутер. Повеќе детали можат да се најдат изменат на Steam во Account Details.

17. Дали треба да бидам регистриран на Paynet е-паричникот за да можам да уплатам преку терминалите?

-Не треба да се регистрирате на нашиот е-паричник доколку сакате да платите преку платежните терминали на PayNet. Се што е потребно е да го внесете вашиот Steam account name и вашиот телефонски број, и потоа можете да извршите плаќање.

18. Што се случува доколку го згрешам Steam account name?

-Доколку го згрешите вашиот Steam account name и поради тоа плаќањето не може да се изврши, потребно е да отворите е-паричниок на e-wallet.mk. Откако ќе отворите, треба да не известите и потоа ние ќе ви ги префрлиме уплатените средства на вашиот е-паричник. Од вашиот е-паричник можете да извршите уплата со точните податоци.

19. Која е провизијата за Steam услугата?
-Провизијата на Paynet за оваа услуга изнесува 5% од износот кој се уплаќа.
Дополнителни трошоци во висина од 15%-20% од уплатениот износ ќе им бидат наплатени на корисниците од страна на провајдерите кои ја овозможуваат услугата.