Информација

1.Како да извршиш плаќање

  • Обрасци

Со помош на опцијата “Образец“ на Е-паричникот може да се зачува било кое плаќање во вид на образец со свој назив и со потребните податоци за плаќањето.

Обрасците можат да се употребуваат за извршување на плаќања, во нив може да се внесуваат промени,  а исто така има можност за бришење на образецот.

Креирање на образец

При внесување на потребните податоци на првото плаќање постои опција да се избере “Креирај образец“ и системот ќе ги запамти податоците за давателот на услугата кон кого ќе биде извршена трансакцијата, начинот на плаќање и износот. Наредниот пат ќе биде доболно да се избере потребниот образец од листата на обрасци. Исто така има опција “Додади образец“ директно во категоријата “Обрасци“.

Употреба на образец за извршување на плаќање

За да ја употребите сочуваната форма на плаќање влезете во “Обрасци“, одберете го потребниот образец и притиснете “Плати“.

Промена/бришење на образец

Во опцијата “Обрасци“ постои можност за негова промена(назив, износ, давател на услуга) или бришење.

  • Автоматско плаќање

Автоматско плаќање е опција која овозможува да се подесат редовни плаќања на услуги со одредена периодичност. Сè што е потребно е да имате доволно парични средства на Е-паричникот за остварување на операциите.

Креирање на автоматско плаќање

Во категоријата “Плаќања“ се наоѓа опцијата “Автоматско плаќање“/“Креирај автоматско плаќање“. Одберете ја потребната услуга за која сакате да поставите Автоматско плаќање. Внесете ги потребните податоци, одредете го почетниот и завршниот датум на периодот во кој ќе се остваруваат плаќањата со одредена периодичност, одберете периодичност за извршување на операцијата(секојдневно, неделно, месечно).

Доколку немате доволно парични средства на Е-паричникот за остварување на автоматско плаќање, ќе добиете известување од Системот за два дена до извршување на операцијата, исто така и за ден до плаќањето.

За користење на опцијата Автоматско плаќање потребно е да се регистрирате во системот на Е-паричник.

  • Архива на плаќања

Во архива на плаќања се зачувани податоци за сите плаќања од Е-паричникот. Податоците може да се филтрираат според година и месец на плаќање. Исто така податоците за плаќањата можат да се испечатат, да се додадат во Обрасци или во Автоматски плаќања.

 

2.Подесување на Е-паричник

  • Промена на телефонски број и лозинка

За најава во Е-паричникот е потребен телефонски број и лозинка.

Телефонскиот број е бројот на кој сте регистрирани во системот. Телефонскиот број може да се промени со внесување на новиот телефонски број и таен збор.

Лозинката се внесува во исто време со телефонскиот број. Лозинката може да се промени во било кој момент.

  • Лозинка за плаќање

Лозинки за потврда на операциите

За поголема безбедност при извршување на плаќања можете да одберете тип на лозинка за плаќање која ќе ви пристигнува на вашиот мобилен телефон преку СМС порака за да се потврди операцијата. Лозинката за плаќање треба да се внесува за потврда на сите значајни активности со сметката на Е-паричникот – при секое плаќање и трансфер на пари.

Постојат два типа на лозинки за плаќање: статична и динамична. Статичната лозинка ја креирате сами. Динамичната лозинка е најбезбедна заштита за Е-паричникот, секоја операција се потврдува со нова лозинка. Сите динамични лозинки се генерираат автоматски.

  • Известувања

Со помош на известувањата вие моментално ќе бидете во тек за сите операции на Е-паричникот. Така вие секогаш ќе може да ја контролирате состојбата на Е-паричникот и ќе ја зголемите безбедноста на Е-паричникот.

Можете да одберете начин како сакате да ги добивате известувањата – на вашиот е-маил или преку СМС порака(или двете заедно). Системот на Е-паричникот ќе ве известува за сите плаќања, надополнувања и трансфери.

  • Авторизација

Со авторизација се определува правото на Корисникот за најава во системот на Е-паричник.

Има две опции на авторизација: само со лозинка и со лозинка и СМС порака.

Доколку одберете авторизација со лозинка и СМС порака при секоја најава ќе ви биде испратена СМС со код кој треба да го внесете после лозинката.

  • Затворање на Е-паричник

Доколку не сакате повеќе да го користите Е-паричникот постои опција да истиот да се затвори. Затворањето на Е-паричникот е возможно само доколку се испразни неговата состојба.

  • Извештаи

Историја на најава

Историја на најава во системот – тоа се податоци за тоа, кога и од кои IP-адреси се имате најавено во системот на Е-паричник со вашиот мобилен телефон и лозинка. Доколку нешто во оваа листа ви изгледа сомнително( на пример датумот на најава или туѓа IP-адреса) обратете се во службата за поддршка.

       Состојба на сметка

Во состојба на сметка се прикажани податоци за вкупниот износ на надополнување на Е-паричникот, вкупно колку парични средства се повлечени од Е-паричникот и остатокот, односно моменталната состојба на Е-паричникот.

 

3.Како да ја надополниш сметката на Е-паричник?

Преку терминал

Можете да ја надополните сметката на вашиот Е-паричник преку платежните терминали на PayNet. За надополнување сè што е потребно да го внесете вашиот мобилен телефон на кој имате регистрирано Е-паричник и да го внесете саканиот износ или пин-кодот од активната потврда за кусур.

       Трансфер на парични средства од друг Е-паричник

Уште една услуга која ја нуди системот на Е-паричник е трансферот на парични средства на друг Е-паричник. Доколку сакате да ја надополните сметката на некој друг Е-паричник одберете ја опцијата “Трансфери“, внесете го бројот на Е-паричникот кој сакате да го надополните, односно да му префрлите пари, внесете го потребниот износ, притиснете “Продолжи“ и ќе добиете известување дека операцијата е спроведена.

Внимавајте дали имате доволно средства на вашата сметка за успешно остварување на трансферот.

 

4.Како да ги повлечеш електронските парични средства од Е-паричник

Доколку сакате да ги повлечете вашите парични средства од Е-паричникот потребно е да одберете Плаќања ® Трансфер на пари и внесете ги потребните податоци за остварување на трансферот(трансакциска сметка, име и презиме, телефонски број и износ).