Јавна понуда

за користење на услугата PayNet Е-паричник

 

1.Општи одредби

  1. Оваа Согласност е наменета за сите физички и правни лица и ги содржи условите за нејзино прифаќање со цел користење на платежните услуги на PayNet Е-паричникот.
  2.  Извршувањето на дејствија, кои се наведени во Согласноста означува нејзино прифаќање за користење на платежните услуги во редослед и обем, наведени во оваа Согласност.

2.Користени термини и дефиниции:

Услуга Е-паричник – електронско средство за плаќање, кое е наменето за извршување операции како што се плаќање на услуги, производи и трансфер на пари.

Авторизација – процес на анализа и синхронизација на внесените автентикациски податоци на Корисникот, според кои се определува правото на Корисникот за пристап кон услугата Е-паричник.

Оператор на услугата Е-паричник – PayNet Систем за брза наплата, кој управува со услугата Е-паричник и спрема кој Корисникот има право да поднесува барања за плаќање на производи и услуги и трансфер на парични средства.

Корисник на услугата Е-паричник – физичко лице кое ја има прифатено Согласноста за користење на услугата Е-паричник и кое остварува плаќања на производи, услуги и трансфер на парични средства.

Автентикациски податоци на Корисникот на услугата Е-паричник– телефонски број, лозинка и/или пин-код на Корисникот и било кои кодови испратени од Операторот на услугата, кои се користат за пристап кон E-паричникот преку интернет верзијата или мобилна апликација за извршување на операции.

Состојба на Корисникот на услугата Е-паричник – обем на парични средства, представен во електронска форма во корисничкиот профил на Е-паричникот, кои ги има корисникот на располагање за остварување операции во корист на разни сервис провајдери. Состојбата се надополнува со внесување парични средства преку платежните терминали на PayNet, преку потврда за кусур издадена од терминал, со платежна картичка и со трансфер на парични средства од еден Е-паричник на друг.

Статус на активен корисник – статус на корисникот кој го користи Е-паричникот за да извршува плаќања најмалку еднаш во текот на наредните 180 календарски денови, утврден од Операторот на системот.

Статус на неактивен корисник – статус на корисникот, кој не го искористил системот за извршување на плаќања во текот на наредните 180 календарски денови и/или нема доставено документи соодветно барањата на Операторот за блокирање на сметката на Е-паричникот.

Договорни страни – Оператор на системот PayNet и Корисникот.

Веб страна на Операторот на системот – Веб страна која се наоѓа на интернет мрежата на адреса www.paynet.mk и www.e-wallet.mk

Надополнување на Е-паричник – претставува внесување на парични средства од страна на Корисникот со цел зголемување на состојбата на Е-паричникот. Надополнувањето може да се изврши преку терминалите на PayNet, со потврда за кусур издадена од платежните терминали, преку платежна картичка и со трансфер на пари од еден Е-паричник на друг.

Примател на плаќањето – правно лице, индивидуален предприемач, кој има овластување за остварување на дејност за продавање на производи и нудење услуги, а исто така и физички лица – корисници кои се регистрирани во PayNet Е-паричникот, кон кои може да се изврши трансфер на пари.

Плаќање – Употреба на електронските парични средства за извршување операции.

Блокирање на Е-паричник – техничка опција на Услугата, при која Корисникот не може да ги користи услугите на Е-паричникот. Операторот на системот го спроведува блокирањето во случаеви и според условите наведени во оваа Согласност.

Затварање на Е-паричник – опција која Корисникот може да ја искористи доколку не сака повеќе да го користи Е-паричникот.

Платежен терминал – Уред за прием на парични средства од Корисници кој функционира во автоматски режим и преку кој може да се надополнува состојбата на Е-паричникот.

 

3.Предмет на Согласноста

  1. Во оваа согласност од PayNet Системот се определени условите и редоследот за овозможување на следните услуги за Корисникот:
    1. Овозможување на Корисникот електронско средство за плаќање
    2. Прием на парични средства
    3. Преглед на состојба на електронски парични средства
    4. Извршување на наредбите на Корисникот за плаќање на услуги,производи и трансфер на електронски парични средства
    5. Враќање на остатокот на електронски парични средства
  2. Корисникот се услужува од страна на PayNet системот 24 часа 7 дена во неделата.
  3. Пресметувањата на Корисникот се остваруваат во денари.

4.Регистрација на корисникот во системот на Е-паричник

  1.  PayNet Системот му овозможува на Корисникот да го користи Е-паричникот со регистрација и без регистрација.
  2. За да може да ја користи услугата Е-паричник во целосен обем Корисникот мора да се регистрира во системот. Регистрацијата може да се спроведе на веб страната PayNet e-wallet и/или преку PayNet мобилната апликација, со прифаќање на јавната понуда.
  3. Регистрацијата во системот Е-паричник се остварува во следниот редослед:
    1. За регистрација преку веб страната PayNet e-wallet:
  1. Внесете ја електронската адреса на интернет верзијата Е-паричник: www.e-wallet.mk;
  2. Во формата за регистрација внесете го вашиот мобилен телефон во потребниот формат; внесениот телефонски број ќе се користи како Корисничко име(login) при употреба на Е-паричникот.
  3. Од кога ќе добиете СМС порака со пин-код, внесете ги податоците во формата за регистрација.
    1. За регистрација преку мобилната апликација PayNet e-wallet:
  1. Инсталирајте ја апликацијата PayNet e-wallet;
  2. Во формата за регистрација внесете го вашиот мобилен телефон во потребниот формат; внесениот телефонски број ќе се користи како Корисничко име(login) при употреба на Е-паричникот.
  3. Од кога ќе добиете СМС порака со пин-код, внесете ги податоците во формата за регистрација.
    1. За регистрација преку платежниот терминал на PayNet:
  1. Притиснете на услугата “Е-паричник“
  2. Внесете го вашиот мобилен телефон во потребниот формат и притиснете “Следно“
  3. На мониторот на платежниот терминал ќе се појави известување дека на вашиот број ќе биде регистриран Е-паричник и ќе добиете СМС порака со пин-код за верификација откако ќе се изврши надополнување.
  4. Внесете износ со кој сакате да го надополните Е-паричникот.
  5. Најавата на Е-паричник е возможна преку PayNet e-wallet мобилната апликација и/или интернет верзијата www.e-wallet.mk  со внесување на вашиот мобилен телефон и добиениот пин-код преку СМС порака.
    1. Регистрацијата се смета за успешно завршена после точно внесување на пин-кодот добиен преку СМС порака.
    2. Со прифаќање на јавната понуда во целост и без исклучоци Корисникот има право да го користи Е-паричникот во целосен обем.
  6.  За да добие можност за користење на услугата Е-паричник Корисникот е должен да ја надополни сметката на Е-паричникот преку платежните терминали на PayNet, со помош на потврда за кусур издадена од терминал и со платежна каричка.
  7. Од моментот на извршување на сите горенаведени дејствија за Регистрација во системот и надополнување на сметката на Е-паричникот, Корисникот има право да го користи Е-паричникот во редослед и според услови, кои се наведени во оваа Согласност.
  8. Регистрираниот Корисник има право да креира Обрасци, да подесува Автоматски плаќања и да ги користи услугите на Е-паричникот во целосен обем.
  9. Нерегистрираниот Корисник нема право да ги користи сите услуги на Е-паричникот и при плаќање на услуги преку потврда за кусур се одзема целата сума на кусурот без разлика дали услугата која се плаќа е со помал износ.

5.Права и обврски на Страните

  1. Права на PayNet Системот
    1. PayNet Системот има право да одбие спроведување на операција,која е достапна само за регистирани Корисници, доколку Корисникот не е регистриран во Системот.
    2. PayNet Системот има право да одбие спроведување на операција, доколку Корисникот нема автентикација според редослед, предвиден во оваа Согласност.
    3. PayNet Системот има право да одбие спроведување на операција доколку износот на електронски парични средства не е доволен за спроведување на операцијата и наплаќање на провизија, предвидена во Тарифниот модел.
    4. PayNet Системот има право да одбие спроведување на операција доколку има грешка од страна на Корисникот при внесување на податоци на плаќањето или недоволно внесени податоци кои се потребни на Системот за да се спроведе операцијата, а исто така во случај операцијата да му противречи на законот на РМ и условите на оваа Согласност.
    5. PayNet Системот има право да го блокира Е-паричникот на Корисникот во случаеви предвидени во оваа Согласност и/или законодавството на РМ.
    6. PayNet Системот има право да внесува промени во записите за операции при прекин на работа во базата на податоци, а исто така да спроведува дејствија кои се неопходни за обнова на податоците за извршени операции од страна на Корисникот.
    7. PayNet Системот има право да одредува или да менува во едностран редослед ограничувања(лимити) за извршување на операции со употреба на Е-паричникот. Информацијата за таквите промени се поставува на интернет верзијата на Е-паричникот. Промените стапуваат во сила од моментот на нивно објавување на интернет верзијата Е-паричник.
    8. PayNet Системот има право да спроведува модифицирање на интерфејсот и софтверот, кој се користи при взаемно дејствување на Страните во рамките на оваа Согласност.
    9. PayNet Системот има право со цел исполнување на Согласноста и овозможување безбедност на операциите да остварува собирање, зачувување и обработка на податоците, а исто така при неопходност пренос на податоците на трети лица, кои ги користи Корисникот за пристап до Е-паричникот, а исто така на било кои други податоци кои автоматски се пренесуваат на PayNet Системот во процес на взаемно дејствување со софтверот и хардверот на Корисникот.
    10. PayNet Системот има право на било кој начин да ги обработува личните податоци внесени од Корисникот со цел исполнување на оваа Согласност во период на нејзино дејствување.
    11. PayNet Системот има право по свој увид да му испраќа на Корисникот известувања од рекламен карактер предвидени во точка 8.8. Корисникот има право да се откаже од добивање на таквите известувања преку испраќање соодветна изјава до PayNet Системот.
  2.  Права на Корисникот:
    1. Корисникот има право да добива известувања за извршените операции со употреба на Е-паричникот во редослед предвиден во оваа Согласност.
    2. Корисникот има право да поднесува жалби до PayNet Системот и да испраќа други изјави во редослед и случаеви предвидени во оваа Согласност.
    3. Корисникот има право во едностран редослед да се откаже од исполнување на условите од Согласноста, доколку нема задолженост спрема PayNet Системот.
  3.  Обврски на PayNet Системот:
    1. PayNet Системот има обврска да го известува Корисникот за внесување на промени во оваа Согласност преку поставување на таквото известување на својата Веб страна или интернет верзијата на Е-паричник или со испраќање на известувањето до Корисникот на друг начин, предвиден во оваа Согласност.
    2. PayNet Системот има обврска да превзема мерки за спречување на неовластен пристап на други лица до податоците за сметката на Корисникот и спроведените операции со Е-паричникот.
    3. PayNet Системот има обврска да ја чува во тајност информацијата за спроведени операции со употреба на Е-паричникот и податоците за Корисникот. Податоците за спроведени операции со употреба на Е-паричникот и податоци за Корисникот можат да бидат огласени на други лица без согласност на Корисникот во случаеви предвидени со законодавството на РМ.
  4. Обврски на Корисникот:
    1. Корисникот има обврска да не ги соопштува и да не ги пренесува авторизациските податоци на други лица.
    2. Корисникот има обврска да му достави на PayNet Системот веродостојни и релевантни контакт податоци, а исто така во случаеви предвидени во оваа Согласност, да достави податоци само од личната банкарска сметка за враќање на остатокот на парични средства.
    3. Корисникот има обврска при процесот на Регистрација да внесе веродостојни лични податоци.
    4. Корисникот му дава согласност на PayNet Системот за обработка на своите лични податоци со цел исполнување на оваа Согласност. Корисникот исто така дава согласност за пренос на неговите лични податоци во PayNet Системот за обработка според условите и со цел утврдени во Политика на приватност.

6.Услови за остварување трансфер на електронски парични средства

  1. Трансферот на електронски парични средства се остварува врз основа на наредба од Корисникот, извршена во електронска форма со употреба на Е-паричникот.
  2. Од кога ќе добие наредба за трансфер од Корисникот, PayNet Системот го проверува правото на Корисникот за употреба на електронските парични средства врз основа на автентикација на Корисникот.
  3. Намалување на остатокот на електронски парични средства во неоспорен редослед (без наредба на Корисникот) се остварува со износот на провизија, која се наплаќа соодветно тарифниот модел.
  4. Услови за враќање на остатокот на електронски парични средства
    1. Корисникот има право во било кој момент да побара враќање на остатокот на Електронски пари, доколку неговиот Е-паричник не е блокиран.
    2. PayNet системот има право да наплаќа провизија за остварување на трансфер на парични средства при враќање на остатокот на електронски парични средства.
    3. Корисникот на Е-паричник има право да го побара остатокот на електронски парични средства преку трансфер на средствата на било која банкарска сметка.

7.Тарифен модел

  1. PayNet Системот наплаќа провизија за одредени услуги во рамките на оваа Согласност. Висината на провизија е одредена во Тарифниот модел.
  2. Тарифниот модел на PayNet Системот е објавен на интернет верзијата Е-паричник.
  3. PayNet Системот има право во едностран редослед целосно или делумно да го менува Тарифниот модел. При тоа внесените промени стапуваат на сила од моментот на нивно објавување на интернет верзијата на Е-паричникот.
  4. Доколку не се согласува со новиот тарифен модел Корисникот има право во едностран редослед да се откаже од извршување на дејствија наведени во Согласноста.

8.Редослед на информациска размена на страните

  1.  Корисникот со прифаќање на оваа Согласност има обврска да му достави на PayNet Системот веродостојни податоци за понатамошен контакт со Корисникот и за испраќање известувања соодветно точка 8.8. од оваа Согласност. Корисникот е одговорен за веродостојноста на внесените лични податоци.
  2. Со прифаќање на оваа Согласност Корисникот има обврска да одбере начин на добивање известувања од PayNet Системот, кои се испраќаат соодветно точка 8.8. од оваа Согласност.
  3. Стандардниот начин на известување на Корисникот за извршената операција со употреба на Е-паричникот е испраќање известување на е-маил адресата, внесена од Корисникот соодветно точка 8.1. од оваа Согласност.
  4.  Корисникот има право да избере неколку начини за да добива известувања за операциите со употреба на Е-паричникот, кои се понудени од PayNet Системот, а исто така во било кој момент да го промени веќе избраниот начин на известување.
  5.  Доколку Корисникот се откаже од сите понудени начини за известувања од PayNet Системот, тогаш тој нема право да поднесува жалби до PayNet Системот, поврзани со несоодветно известување на Корисникот за извршените операции.
  6.  PayNet Системот при исполнување на Согласноста има обврска да му испраќа на Корисникот известувања за секоја операција со употреба на Е-паричникот на начин, утврден од Страните со прифаќање на Согласноста.
  7. Обврската на PayNet Системот за известување на Корисникот се смета за исполнета во моментот на испраќање на соодветното известување.

Известувањето се смета за добиено во текот на три часа од моментот на испраќање.

  1.  PayNet Системот има право по свој увид, да му испраќа на Корисникот било какви други известувања, освен утврдените со точка 8.6. од оваа Согласност, реклами, одговори на изјави, жалби и други обраќања, на еден од следните начини: преку објавување на веб страната на PayNet Системот, на Е-паричникот на Корисникот, на е-маил адресата, преку испраќање СМС порака.

9.Редослед на прифаќање и рок на траење на согласноста

  1. Оваа Согласност се смета за прифатена од страна на Корисникот со извршување на следните дејствија:

 

10.Затварање на Е-паричникот

  1. Е-паричникот може да се затвори и повеќе да не се користи само доколку на неговата сметка веќе нема електронски парични средства.

11.Одговорност на страните

  1. Договорните страни се одговорни за несоодветно извршување на своите обврски соодветно со законодавството на РМ и условите на оваа Согласност.
  2. PayNet Системот е одговорен спрема Корисникот за надомест на износот на операции, кои се извршени без согласност на Корисникот.
  3. PayNet Системот не сноси одговорност за:
    1. Прекин во работата на Интернет мрежата, кој не настанал по вина на PayNet Системот и кој станал причина за ненавремено добивање или недобивање известување од PayNet Системот.
    2. При технички прекин кој станал причина за неисполнување на условите на Согласноста од страна на PayNet Системот.
    3. Доколку информациите за извршени операции со употреба на Е-паричникот и/или Авторизациските податоци на Корисникот станат достапни за други лица.
    4. За загуби на Корисникот, настанати како резултат на блокирање на Е-паричникот.
    5. За загуби на Корисникот, настанати како резултат на погрешно внесување на податоци за извршување на операцијата.
    6. За загуби на Корисникот, настанати како резултат на погрешно внесување на бројот на Е-паричникот при внесување парични средства на сметката на Е-паричникот, после што тие биле искористени од друг Корисник, на чија сметка пристигнале паричните средства.
    7. За загуби на Корисникот, настанати како резултат на внесување парични средства кои го надминуваат утврдениот лимит.
    8. За загуби на Корисникот, настанати како резултат на внесување на погрешни и неточни идентификациски податоци од негова страна.

 

12.Повраток на средства

  1. Плати Брзо се обврзува да направи повраток на средства или да сторнира плаќање во следниве случаи:
    1. Доколку средствата за кои се бара повраток се наоѓаат на виртуелната сметка на корисникот (Е-паричник) односно не се искористени за било која услуга која ја нуди Плати Брзо (на пример Радиодифузна такса, Оне, Т-мобиле, Близу, Водовод итн.)
    2. Доколку станува збор за технички проблем (непочитување на рок, дефект, неиспорака на услуга), во тој случај Плати Брзо прави целосен поврат на средствата на сметка на корисникот.
  2. Во сите други случаи, кога средствата се искористени за плаќање на некоја услуга, со потврда од системот за УСПЕШНА трансакција, Плати Брзо не сноси никаква одговорност за повратот на тие средства.

 

 

13.Други одредби

  1. Корисникот потврдува, дека сите услови на оваа Согласност му се јасни и ги прифаќа во целосен обем.
  2. Корисникот потврдува дека дејстува исклучиво во свој личен интерес.
  3. Корисникот потврдува дека нема да го користи Е-паричникот за неовластени и други цели кои не се наведени во оваа Согласност.

 

 

 

 

Тарифен модел

Услуга

Провизија

Радиодифузна такса

1-6 месеци - 30 ден. / 7-12 месеци - 70 ден.

ЈП Водовод и канализација

35 ден.

ОНЕ Припејд

0 ден.

ОНЕ Постпејд

0 ден.

FON – школарина

0 ден.

FON – административни услуги

0 ден.

Blizoo

0 ден.

Евроинс Полиса

0 ден.

Steam

5%

Skype

5%

Wargaming

5%

Gaijin online

5%

King of Kings 3

5%

World of dragons

5%

Combat arms

5%

War Thunder

5%

Skyforge

5%

Warface

5%

Crossfire

5%

International Mobile Top Up

10%